Сместен на брегот на прекрасното езеро Градче, Хотел Градче Ви нуди мир и спокој во природа која е несекојдневна за Македонија. Дишете свеж воздух, уживајте во мирот на околината, цвркотот на птиците кои само кај нас може да ги најдете и нурнете се во пријатното и освежително искуство, опкружени со убавината на природниот свет. Без разлика дали сте за планинарење, велосипедизам, пешачење, уживање во уникатен пејсаж или кајакарење по нашето езеро, ќе бидете воодушевени.
Нашата негативна страна – воздхот е премногу чист.
Време е за релаксација.
За нас
Хотел Градче
Хотел Градче се наоѓа 5км северно од градот Кочани. Лоциран на 550 метри надморска височина на брегот на езерото Градче. Езерото Градче е сместено во живописна клисура со атрактивна околина. Хотел Градче располага со 21 соби и 5 апартмани, ресторан сала со капацитет до 400 гости, конференциска сала за состаноци, кафе бар, четири летни тераси, сопствен паркинг кој за нашите гости е бесплатен.
Сместување
Соби и Апартмани
Капацитетот на нашиот хотел е 26 сместувачки единици кои се опремени според најсовремените стандарди за да обезбедат максимално чувство на комфор и удобност.