Натпреварот за готвење ја претвора кујната во бојно поле каде тимовите се натпреваруваат да го создадат најдобро јадење во одреден временски период. Оваа активност има за цел да ја разбуди креативноста, ефективно управување со времето и да го поттикне тимскиот дух, бидејќи учесниците мора да ги поделат задачите, да донесуваат брзи одлуки и да работат заедно за да постигнат заедничка кулинарска цел. Активноста нуди единствена можност за членовите на тимот да преземат лидерски улоги и ја покажува важноста на довербата и потпирањето на способностите на секој од нив.
Успехот е загарантиран доколку противничкиот тим за кој се готви е воодушевен од креацијата.
Бенафитите на оваа активност се простираат надвор од кујната, бидејќи таа поттикнува здрава конкуренција и обезбедува платформа за индивидуите да се изразат во неформално, опкружување надвор до работниот простор. Неформалната атмосфера помага да се надминат хиерархиските бариери, промовирајќи отворена комуникација и зајакнување на меѓучовечките односи во тимот.