Тимовите кои учествуваат во овој НЕВИДЕН предизвик ќе се натпреваруваат за наградата за најдобар коктел во компанијата.
Во подготовка на овој настан следува креш курс за работа со опремата. Ќе им биде понуден широк спектар на алкохолни и безалкохолни состојки, потребното свежо овошје и алатките потребни за еден вистники бармен. Накратко, ништо нема да Ви недостасува!
Ќе работиме и на естетскиот состав, како и на вкусот, создавајќи одличен коктел и истакнувајќи ги неговите клучни карактеристики, кои ќе бидат презентирани пред жирито и останатите тимови!
Тимовите ќе треба да направат презентација на својата креација, нагласувајќи ги нејзините квалитети и препораки за користење. Дополнително, ќе треба да замислат сценарија во кои нивниот коктел би се презентирал и консумирал.
Доколку фантазијата на тимот доведе до вкус со кој сите тимови се согласни, Вашата компанија го задржува правото истиот да го користи при која било организација на корпоративни настани со нагласок дека кетерингот за тој коктел го превзема Хотел Брана Градче.